Хорнер бара извинување од Хамилтон

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, очекува извинување од Луис Хамилтон поради контактот со Алекс Албон кој го изврте возачот на Ред Бул и му ја уништи трката додека се бореше за подиум.

Безбедносното возило се повлече по инцидентот на Кими Раиконен, а Албон имаше свежи софт и го напаѓаше 2то место на Луис Хамилтон откако болидите на Мерцедес имаа проблем со сензор во менувачот. Со помош на ДРС, Албон стигна до Луис во пресрет на 4та кривина и нападна од надврешниот дел.

Следуваше контакт и извртување на Албон на песокот крај патеката и приклучување во трката од последното место, идентично со она што се случи во Браизл лани. Хамилтон доби казна од 5 секунди што значеше пад од 2ро на 4то место на крајот на тркат за него.

По контактот во Бразил, Хамилтон по крајот на трката му пријде и му се извини на Албон, а Хорнер се надева дека тоа ќе се повтори.

ова е еден од тие денови кога спортот покажува колку е брутален понекогаш. алекс извозе одлична трка и не заслужи ваков крај, а 5 секунди казна за хамилтон не му значат ништо на него.

можеше да победи на трката затоа што стратешки правилно одигравме, променивме на софт во вистински момент и бевме многу брзи.

два пати на три трки, ќе почнам да мислам дека хамилтон има нешто против алекс. овој инцидент беше многу сличен, но обратен, алекс од надвор сакаше да мине, но остави доволно простор за двајцата и да се мине без контакт.

секако дека треба да се биде трпелив, но тој си ја заврши работата, веќе го мина, не беше дека влезе каде што немаше место, туку веќе го претекна и беше пред него. се сомневам дека луис ќе го пропуштеше и моравме да ја искористиме предноста во грип со новите гуми која ја имавме на кривините.

алекс го направи токму тоа, но уис лошо ја процени ситуацијата и на крајот на денот треба да се извини поради тоа – анализира хорнер.

Хорнер откри дека проблемот поради кој Алекс се повлекол на крајот од трката немал врска со маката која ја имал Макс Верстапен на почетокот од трката.

проблемот беше целосно различен, нешто во врска со моторот на алекс. но, не знам што точно, можеби беше последица од потресот или минувањето низ песокот, треба да анализираме. го исклучивме моторот како мерка на претпазливост.

Запрашан за позитивните работи кои ќе ги извлече овој викенд, тој изјави:

готово е, викендот е зад нас. трка со нула поени и покрај фактот што макс можеше да предизвика за победа не е добро за нас, но имавме правилен избор на гуми и стратегија и не треба да бидеме многу загрижени.

алекс исто така не освои поени, а тоа не е добро во толку куса сезона, брутално е, но таков е овој спорт.

позитивно е што имаме конкурентен болид и конкурентни бевме на трка, иамвме ритам да нападнеме и знаеме каде треба да се подбриме за слената недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ