Хорнер: Беше неизбежно да земеме персонал од Мерцедес

Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, застана во одбрана на тимската стратегија д превзема персонал од Мерцедес во новооснованиот оддел за мотори во Милтон Кинс.

“Биковите“ од следната сезона самите ќе почнат да го произведуваат моторот со кој ќе се тркаат во Формула 1 до 2025 година до кога важи замрзнувањето на технологијата за агрегатите. Минатиот месец тие објавија дека технички шеф на оддело за мотори ќе биде долгогодишниот инженер на висока функција во Мерцедес, Бен Хоџкинсон. Следуваа уште пет искусни инженери кои станаа членовите на екипата оваа недела.

неизбежно беше да земеме персонал од мерцедес, во британија сме и само 40-тина километри од бриксворт каде се наоѓа мерцедес и нивниот оддел за мотори. мерцедес фабриката ја смести таму со причина затоа што во англија има високо квалификуван талентиран инженерски персонал. за нас, целосна интеграција на деловите за производство на моторот и шасијата е неверојатно привлечна опција.

исто така сме поласкани со бројот на луѓето кои сами ни се нудат. почнуваме од нула и важно е да ги имаме вистинските луѓе на вистинските позиции. јасно е дека имаме успех со привлекување фантастичен персонал, врвен талент кој ќе го наследиме од хонда – објасни хорнер.

Со превземање на шесторица врвни инженери од Мерцедес, битката помеѓу двете екипи се разгорува, но Хорнер е дециден кога вели дека луѓето работат онаму каде што сакаат.

на крајот на денот не можете никого да принудите да биде некаде каде што не сака/ ако ние сме атрактивно место и луѓето гледаат тркачки дух и сакаат да бидат дел од нашето патешествие, ние им посакуваме добредојде.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ