Хорнер во одбрана на својот возач: Макс не му направи ништо на Луис

Кристијан Хорнер застана во одбрана на својот возач, младиот Макс Верстапен, велејќи дека не му направил ништо на Луис Хамилтон на Мексиканското Гранд При. По трката, актуелниот првак изјави дека секогаш поинаку се однесува кон холанѓанецот и му остава многу повеќе место на патеката при дуелите поради неговиот агресивен начин на возење.

Хорнер смета дека нема ништо нелегално во дуалите и контактот помеѓу Хамилтон и Верстапен по стартот на трката во Мексико Сити.

верстапен беше многу трпелив со возачите на ферари. беше пред луис и некако прерано почна да запира дозволувајќи му на хамилтон да го заобиколи и да ризикува со минување од надворешната страна.

луис потоа загуби контрола, двајцата завршија на тревата, тркањето беше жестоко и мислам дека немаше ништо погрешно во таквиот дуел на првата кривина – појасни тимскиот шеф на ред бул.

Од малиот контакт помеѓу Мерцедес В10 и Ред Бул РБ15 имаше видливо оштетување на подот на сребрениот болид.

Пет кругови по стартот следуваше дуел на Макс со Валтери Ботас и премногу оптимистички обид да се мине финецот во стадионскиот дел кој заврши со дупнато задно десно тркало на Верстапен.

потегот против ботас беше тежок, но тој успеа да го изведе претекнувањето. го допре валтери при излезот од кривината и имаше контакт со неговото предно крило. несреќен момент, некои денови едноставно се е против вас.

макс можеше да предизвика за победа оваа трка со оглед на брзината која ја имаше.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ