Хорнер горд на својот стратег Хана Шмиц

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, е полн со пофалби до својот стратег, Хана Шмиц, која како награда за одлично одработената трка доби шанса да се качи на подиумот и да ја прими наградата во името на Ред Бул.

Шмиц била клучна во изборот на стратегија за Макс Верстапен кој беше повлечен во боксот за време на првото безбедносно возило иако со тоа го загуби водството и мораше да го претекнува Луис Хамилтон на патеката.

Хорнер откри дека Ред Бул во моментот на првото безбедносно возило имале дилема затоа што биле свесни дека Хамилтон ќе направи спротивно од тоа што тие ќе го направат, но Шмиц храбро пресекла.

во еден момент за нас како лидери беше како да играме шах затоа што следниот болид бевме свесни дека ќе го направи спротивното од нас и тоа што одлучивме да го предадеме водството беше многу храбар потег.

мора силно да верувате дека можете да надоместите на патеката и да го минете тој пред вас за да направите таков потег, нешто што макс претходно, по првото менување гуми веќе го направи. почувствувавме дека со предноста од гумите ќе беше драстично побрз и ќе можеше да го мине хамилтон на патеката – објасни хорнер.

Шефот на екипата ја пофали Хана Шмиц за својата посветеност кон тимот откако се вратила од породилното отсуство.

хана е со нас во делот за тркачка стратегија на тимот неколку години. беше на породилно отсуство лани и се врати годинава целосно посветена на нејзините работин обврски.

многу е посветена, вози по четири часови за да стигне на работа секој ден и навистина дава се од себе за екипата.

таа пресече во врска со стратегијата на трката и мислам дека е соодветна награда да биде на подиумот и да го прими трофејот. мислам дека како мајка која работи тоа беше важно за неа затоа што таа е многу важен дел од нашата екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ