Хорнер демантира дека трошеле прекумерно лани

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, посочи дека тимот од Милтон Кинс не го прекршил буџетскодо ограничување минатата сезона откако се појавија шпекулации дека тие и Астон Мартин потрошиле повеќе од дозволените 145 милиони долари.

Казната за прекумерно трошење може да биде дури исклучување од шампионатот, но Хорнер посочи дека не е исплашен.

не сум свесен дека сме прекршиле некакво правило затоа што завршната сметка беше поднесена уште во март, така што мина долго време. мислам дека се при крај со следење на трошењето и дека следната недела ќе објават што промашле. нашето трошење беше помало од максималното, но фиа мора да провери се, што и се прави во моментов – посочи хорнер.

Британецот посочи дека е свесен оти раната фаза во која се наоѓаат правилата за буџетското ограничување ќе донесе пречки пред се да биде испеглано за во иднина.

неизбежно е нов сет на правила да треба време да се испеглаат, особено кога се работи за толку сложен сет на правила. како се интерпретирани правилата ќе биде тема на разговор помеѓу екипите, но сигурен сум дека како што ќе минува времето, се ќе се реши.

ние веруваме во нашето работење, фиа е во процес на анализа на истото, секогаш ќе постојат глаасини, долго сум во спортот за да го знам тоа и свесен сум.

Тој додаде дека ФИА објавила и појаснување околу буџетското ограничување откако екипите ги доставиле своите финансии на почетокот од годината.

ова е прв пат да се случи такво ништо. ние спроведуваме наша темелна анализа, имаме ревизија, така што фиа ќе спроведе сличен процес, работат со ревизор.

појаснување на правилото беше објавено и откако финансиките извештаи беа поднесени. јасно е колку е ран овој процес, но фиа напорно работи на него и сигурен сум дека даваат се од себе.

секој тим ќе биде подложен на контрола, ќе се анализираат финансиските извештаи од сите екипи, се следат проесите и се носат заклучоци кои наместо во јули, ќе бидат објавени во октомври.

се работи за обемен работен процес кој треба да се заврши, но, ќе повторам, ние веруваме во нашите финансии, иако на крајот фиа ќе го има последниот збор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ