Хорнер задоволен од првата сезона со Хонда

Кога Ред Бул објавија дека сезонава наместо со мотори на Рено, ќе се тркаат со мотори на Хонда, многумина очекуваа пад во перформансите на екипата од Милтон Кинс. Јапонците го пред време го прекинаа договорот со Мекларен по три очајни сезони во Вокинг, а потоа следуваше добра година со Торо Росо.

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул е изненаден од брзиот успех на новата соработка.

партнерството со хонда одлично се покажа уште од првата трка кога дојдовме до подиум во мелбурн.

сезоната навистина ги надмина очекувањата, три пол позиции иако задржавме само две од нив и три победи, девет подиуми се импресивен резултат сезонава – се присетува хорнер во своето интервју за Autosport.

Британскиот тимски шеф изјави дека очекувал промената на моторот првично да ги намали нивните перформанси, но се покажало дека тоа не е случај.

за хонда сезонава секогаш требаше да биде транзициска, а за нас беше прва промена на добавувач на мотори по 13 години, но хонда се истакнаа и одлично си ја завршија работата.

издржливоста и перформансите се зголемуваа со секој следен мотор и тоа беше одлично. со секој нов мотор се повеќе го засилувавме ритамот и се доближувавме до водечките. издржливоста беше силна и имавме само едно механико откажување од трка и тоа беше во азербејџан.

Правилата во пресрет на следната година остануват непроменети, така што Хорнер смета дека овогодинешниот успех ќе се пренесе во следната сезона.

со стабилноста на правилата во 2020 година се надеваме дека ќе предивикаме посериозно. одлично го развивме болидот во текот на сезоната, а и хонда одлично си ја одработи својата работа со секој следен мотор.

сепак, свесни сме дека мерцедес сеутше се пред нас и мораме да притискаме посилно. сепак, чувствуваме дека доста се доближуваме.

Јапонците од Хонда за сега официјално потврдија дека ќе останат во спортот една дополнителна година од првично предивденото, односно ќе доставуваат мотори во Ред Бул и во Торо Росо и во 2021 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ