Хорнер изненаден што никој друг не ја користел стратегијата на Макс

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, по победата на Јубилејното Гранд При од страна на неговиот возач, остана изненаден што никој друг не се осмелил да ризикува и да ја користи стратегијата на Верстапен, односно да се квалификува со најтврдата компонента.

Холанѓанецот беше единствен од топ 10 кој почна на хард, а дојде до победа со перформанси кои ги фрлија во сенка шампионите од Мерцедес. На патеката го мина Ботас, а потоа остана пред него и менуваа втор пат во исти момент, но неговиот ритам на трка беше пребрз.

неверојатни перформанси, ритамот беше над она што го очекувавме, почнавме со еден вид обратна стратегија, а макс беше многуубеден од почетокот на трката.

ритамот на болидот беше одличен и лесно се движевме дури и откако мерцедес променија и земаа нови хард, ние имавме можност да продолжиме да се одлепуваме од нив и од тој момент сфативме дека можеме да ги победиме – откри хорнер.

Запрашан да ја прокоментира изјавата на Макс пред првата промена на “сребрените“ дека сака да притиска и да остане со нив, а не да вои како баба, Хорнер кажа:

баба му мора д авози многу брзо. денеска имавме се покриено и мислам дека треба да извлечеме многу поуки од оваа трка.

болидот работеше фантастично, не само кај макс, исто и кај алекс, а ритамот го имавме. кога променивме стратегија затоа што ризикот беше голем, савивме медиум на средина од трката, всушност се изенадчивме со стратегијата на мерцедес и на тој начин ги покривме. понатамо што и да имаа, макс имаше одговор што е фантастично.

Шефот на екпата останал зачуден зошто некои други екипи не се обиделе да се квалификуваат на најтврдата компонента како тие.

она што беше клучно викендов е тоа што компонентите се чекор помеки викендов, нешто што за сите беше проблем. сметавме дека можеме да комплетираме силен круг со најтврдие гуми во средниот квалификациски сегмент, но тоа што не изненади беше тоа што бевме единствени со таква стратегија.

можеби повисокиот минимален притисок наложен од пирели беше проблем за мерцедес, имаат многу голема потисна сила на тој нивни болид и веројатно поради тоа имаа многу меури на гумите, дури и пет кругови откако ќе променеа им се појавуваа проблеми.

макс возеше многу разумно и искусно и да се победи на јубилејната формула 1 трка токму на силверстон е неверојатно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ