Хорнер: Имаше театралност на состанокот поради Нетфликс

Кристијан Хорнер изјави дека имало театралнсот на состанокот на тимските шефови поради тоа што биле снимани од Нетфликс во Канада. 

Стефано Доменикали имаше состанок со шефовите на тимовите во Монтреал по техничката директива на ФИА каде имаше доста несогласувања меѓу нив. Се вели дека Кристијан Хорнер и Тото Волф влегле во конфликт и сето тоа било пред камерите на Нетфликс кои ја снимаат петтата сезона на Drive to Survive. 

Мислам дека намерно се драматизираа некои моменти од состанокот. Не знам дали е поради новиот филм на Луис – на шега изјави шефот на ред бул.

Шефот на Астон Мартин, Мајк Крак изјави дека состанокт можеби бил малку емотивен, а Мерцедес пробаа да ги следат препораките од директивата на ФИА но без успех. Хорнер изјави дека потскокнувањето било најсилно во Канада и Азербејџан, но сепак немале проблем на трката. 

Има процес по кој се претставуваат работите. Мислам дека е разочарувачки да се додаде втор држач бидејќи тоа се дискутира на технички форум, Но сигурен сум дека ќе ги средиме работите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ