Хорнер: Кругот на Верстапен во К3 беше неверојатен

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека Макс Верстапен извозел неверојатен круг за да се квалификува во првиот ред од Руското Гранд При.

Заедно со третопласираниот Валтери Ботас, Верстапен успеа да се пласира во К3 со медиум пневматици, додека Луис Хамилтон беше приморан на софт, така што првите тројца ќе бидат на различни стратегии во трката.

Беше клучно за Макс и Алекс да имаат чисти кругови. Беше најважно да ги пуштиме по сударот на Фетел порано за да немаат метеж пред нив и да може да се подготват за брзиот круг. Со Макс се откажавме од кругот што му овозможи да стартува на медиум пневматици. Доцна одлука, но ќе има добри пневматици за трката. 

Макс беше паметен. Тој го почека Валтери да го помине на крајот на неговиот брз круг за тој да го почне својот и искористи Валтери да го повлече. Тоа му даде една десетинка до првиот свиок, а потоа притисна до крајот на кругот. Беше неверојатен круг, навистина еден од најдобрите кои ги извозел, би рекол јас – вели Хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ