Хорнер: Лесна беше одлуката да го отпуштиме Стаинер

Гунтер Стаинер беше отпуштен од Ред Бул во 2006 година за да може да се направат услови за доаѓање на легендарниот Адриан Њуи.

Кристијан Хорнер откри дека одлуката била јасна и очигледна дека Гунтер требало да биде отстранет од екипата. Тој беше дел од тимот од Милтон Кинс уште додека беа фабрички Јагуар пред Дитрих Матешич да ги купи и да ги ребрендира во 2005 година.

Следната сезона Њуи реши да го напушти Мекларен и да дојде во Ред Бул во челна техничка улога, додека Стаинер беше пренасочен да го води Наскар проектот на Ред Бул.

ако се грижите се луѓето и тие се чувствуваат добро во средината во која работат, ќе ви покажат лојалност. се работи за поставување на вистинските луѓе на вистинските места, нивно вработување и создавање на вистинска атмосфера.

во арден каде бев претходно, луѓето немаа потреба да знаат што точно се прави и какви ризици се превемаат, а јас барав начин да го внесам арден во формула 1, но берни еклстон ме притискаше да минам во џордан, додека хелмут ми договори состанок со дитрих во салзбург во 2004 година.

трансферот во џордан не се случи, ред бул го купи јагуар, а дитрих ми понуди да бидам шеф на екипата. гунтер е одличен лик, но јасно е дека не може да биде лидер на технички дел од екипата, а јас идентификував што му треба на тимот, техничко лидерство и јасна насока. така, веднаш почнав да го барам адриан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ