Хорнер: Мислевме дека е предоцна за Макс

Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на шампионскиот Ред Бул, призна дека тимот бил загрижен дека предоцна одлучиле да го повлечат Верстапен во боксот за време на трката во Монако.

По победата во Монако, Хорнер изјави дека се плашеле од андеркат зата што дождот ја направи трката низ Кнежевството хаотична бидејќи сите возачи одлучија да променат на интермедиа гуми. Алонсо од втора позиција одлучи да промени од хард на медиум, но тоа беше погрешно бидејќи условите на патеката се влошија. Верстапен влезе еден круг подоцна и промени директно на интермедиа.

Инженерот кој работи со возачот мислеше дека можеби предолго останал на патеката со мазните гуми. Кога влезе Фернандо по интермедиа, мислевме дека ќе биде тесно со нас, Но среќа тој промени повторно на мазни гуми кога доаѓаше дождот.

Не сакавме да ризикуваме и си рековме да го повикаме. Како водечки можеше доста да загуби, но се обидовме да се справиме. Имаме спотери на патеката и не гледаме само на радар или од канцеларија. Секако возачот најдобро знае што се случува на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ