Хорнер: Многу е тешко Фетел да се врати во Ред Бул

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека е многу неверојатно Себастијан Фетел да се врати во тимот за 2021 година.

Фетел, кој ќе замине од Ферари откако ќе истече неговиот моментален договор, целосно го отвори пазарот на возачи сезонава. Моменталниот возач на Мекларен, Карлос Саинз, се очекува да биде негова замена, најрано од Четврток, додека иднината на Фетел останува нејасна околу тоа дали ќе остане во Формула 1 или ќе се пензионира од спортот целосно.

Но, оживување на успешната соработка во која Фетел освои четири последователни титули за Ред Бул помеѓу 2010 и 2013 година е отпишано од тимскиот шеф на екипата од Милтон Кинс.

Многу е неверојатно. Имаме долгорочна посветеност кон Макс Верстапен, а мислам дека Алекс Албон врши добра работа. Имаме добра динамика во тимот и искуството укажува дека двајца Алфа мажјаци не е добра ситуација.

Себастијан е сеуште многу конкурентен возач, така што не сметам дека ќе биде добро за тимот. Среќни сме со нашиот возачки тандем. Сигурен сум дека има повеќе опции, но очигледно тој одлучи да не соработува повеќе со Ферари.

Тој има принципи, сигурен сум дека добро размислил околу сето ова и мора да ја почитувате неговата одлука. Каде ќе оди следно, не знам, Но како што кажав, тој има одличен интегритет, одлични принципи и дали ќе одлучи да продолжи или не, тој постигна многу во неговата кариера во Формула 1.

Четири светски титули, тој е еден од најуспешните возачи на сите времиња. Тој е релативно млад, рани 30ти. Ако одлучи да остане, тој очигледно е сеуште конкурентен. 

Тоа зависи од него и никој освен Себастијан не знае кој е неговиот избор. Тој има силни вредности, силен интегритет и мислам дека добро ќе размисли околу сето ова.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ