Хорнер може да ја загуби работата поради зделката со Порше

Кристијан Хорнер наводно е загрижен дека плановите на Порше за откупување на половина од Формула 1 тимот на Ред Бул може да го чинат неговото работно место како тимски шеф.

Шпекулациите во Зандворт сугерираат дека застојот во финализирањето на очекуваното откупување од 50 проценти од германскиот производител на спортски автомобили во сопственост на Фолксваген е отпорот токму на Хорнер и главниот дизајнер, Адријан Њуи.

Слушнавме гласини за Кристијан Хорнер и новиот договор со Порше – изјави познатиот холандски коментатор Олав Мол.

Според нашите информации, Хорнер стравува дека ќе биде отпуштен доколку Порше ја преземе контролата над екипата.

Други шпекулации сугерираат дека сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц има нарушено здравје и сака да го продаде главниот тим од Милтон Кинс потенцијално на Мајкл Андрети. Ако договорот со Порше се оствари, се шпекулира дека производителот може да се обиде да го врати својот поранешен шеф од Ле Ман, Андреас Сеидл од Мекларен, како замена за Хорнер.

Другиот бренд на Фолксваген, Ауди, веќе најави дека дефинитивно ќе влезе во Формула 1 во 2026 година, но шпекулираното откупување од 75 проценти на тимот на Заубер се уште не е официјализирано.

Не треба да го забрзувате процесот – рече Фредерик Васур, шеф на швајцарскиот тим кој моментално се трка како Алфа Ромео.

Најавата беше за новиот мотор за 2026 година. Зборуваме за четири години, а не за следната недела, па чекор по чекор ќе видиме што би можело да се случи во иднината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ