Хорнер: Може лесно да се направи превид во перформансите на Верстапен

Кристијан Хорнер верува дека лесно може да се направи превид во перформансите на Макс Верстапен по успешниот период на Ред Бул во последните сезони. 

Тимот доминираше минатата година и Верстапен победи на 15 трки додека Ред Бул на 17 во текот на сезоната. Првата трка оваа година ја завршија со 1-2 триумф во Бахреин. 

Мислам дека лесно може да се направи превид со оглед на одличната работа која ја заврши тимот во текот на зимата. Луѓето во овој бизнис имаат кратка меморија и ја памтат само последната трка.

Денес сме херои, Утре може да се Ферари, Мерцедес или Астон Мартин. Мислам дека не треба да се занесуваме уште на стартот и треба да почекаме уште Џеда и Мелбурн за да имаме некаков заклучок. 

Верстапен стартуваше од пол позиција во Бахреин и победи со предност од 12 секунди пред својот колега Перез. 

Мислам дека перформансите на еден круг и тие на трката мора да се избалансираат. на петокот не бевме среќни со перформансите, но друго беше во саботата. 

Холанѓанецот останува претпазлив околу надежта на Ред Бул и смета дека во Саудиска Арабија ќе биде доста потешко. 

Џеда е различна од Бахреин. Нашиот болид е брз, но и Ферари се брзи на правицте како во Џеда. секако е тешко да се знае со овие болиди. Ќе видиме што ќе се случува, Но секако мислам дека ќе се спремиме најдобро што можеме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ