Хорнер најавува ново одложување на правилата, овој пат до 2023

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, најави дека екипите сакаат да ги одложат новите правила за уште една дополнителна сезона, односно истите да стапат на сила дури во 2023 година, откако првично беа одложени за една сезона.

Целосно новата техничка регулатива требаше да стапи на сила во 2021 година но поради многуте одложени трки и пандемијата со корона вирус која го загрози почетокот на сезоната, истите беа одложени за 2022 година со едногласна одлука на екипите.

Во моментов се одложени вкупно осум трки, а некои од нив веќе се откажаа од организација сезонава, така што приходите на екипите како дел од распределбат на профитот на Формула 1 дефинитивно ќе се намалат. Помалкуте пари кои е ги имаат на располагање доведе до одлукаа да се одложат правилата и следната сезона да продолжи со тековните болиди откако на истите ќе бидат замрзнати одредени делови за понатамошен развој.

Хорнер откри дека постои разумна согласност новите правила да се одложат и до 2023 година поради ситуацијата која е крајно непредвидлива.

размислуваме да ги одложиме правилата за уште една година затоа што, по мене, би било целосно неодговорно да се носиме со тежината на трошоците за развој следната година која ќе биде финансиски и економски тешка за целиот свет. се ини дека постои согласност од сите а ова, но фиа мора да го ратификува и развојот да се префрли за 2022 година, а стапувањето во сила на новите правила за 2023 година.

во моментов приоритет треба да биде стабилност затоа што свесни сме дека секогаш кога има промена, таа доаѓа со одредени трошоци кои треба да се направат, а во моментов стабилност е повее од потребна затоа што тоа е најразумен начин за намалување на трошоците – појасни хорнер.

Од следната година секако дека на сила ќе стапат и новите финансиски правила кои ќе го ограничат буџетот на екипите на 175 милиони долари со цел да се зголеми конкурентноста и да се намалат разликите помеѓу екипите.

ограничувањето е плафонот до кој може да трошиме, но во моментов тоа е секундарна тема, затоа што на прво место се разговара за намалување на трошоците за тркање колку што тоа е повеќе можно. доколку 60% од шасијата биде замрзната следните 18 месеци, ќе имаме драстично намалување на трошоците на гранд при екипите од ред бул до вилијамс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ