Хорнер: На Албон му е потребен досаден викенд

Алекс Албон треба да има досаден викенд без проблеми откако повторно имаше тежок викенд во Британија. 

Британецот со тајландско потекло излета на вториот тренинг, подоцна на третиот имаше проблеми со електрониката поради што не успеа да се пдоготви за квалификациите. Албон беше елиминиран во К2 и стартуваше од 12та позиција, а на самиот почеток на трката несмасно удри во Кевин Магнусен и доби казна од 5 секунди. 

Возачот на Ред Бул успеа да стигне до 8та позиција на крајот на трката, што смета дека било максимум со оглед на оштетениот болид. Хорнер се согласува со Албон дека ова било тежок тркачки викенд. 

Мислам дека беше тркачки инцидент. Кевин направи грешка и отиде прешироко, а Алекс виде место и тргна. Не сум изненаден од казната – изјави хорнер по крајот на трката.

Албон ја искористи преднсота на новите гуми при крајот и од 17та позиција дојде до 8та и 4 поени за себе и за својата екипа. Хернер е задоволен од својот возач на кој му треба мирен викенд за да ја одржи формата. 

Тоа што го направи при крајот беше одлично. Тој веќе неколку пати го направи тоа. Неговото темпо на трка беше одлично и Потребен му е мирен и досаден викенд. Мислам дека имаше добра трка. 

Хорнер се надевал дека борбата на Албон до крајот ќе му помогне да ги заборави неодамнешните проблеми. 

Се надевам дека со уште еден викенд ќе се врати и ќе имаме напредок. Задоволен сум од неговите перформанси денес. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ