Хорнер незагрижен што сите го видоа подот на Ред Бул

Кристијан Хорнер не е претерано загрижен што целиот падот детално го виде подот на РБ19 болидот по сударот на Серхио Перез во Монако.

Тимовите се многу таинствени кога се работи за тајнтие на нивните болиди и тоа што го создава земјениот ефект, односно дизајнот на подот, но РБ19 на Ред Бул и В14 на Мерцедес беа “на ачик“ во Монако откако по судари беа кренати високо над патеката. Сепак, Хорнер не е претерано загрижен за тоа што ривалите би можело да дојдат до некакви информации.

непристојно е да се гледаат луѓето “по гаќи“. во монако беше направено шоу и сите екипи го прифатија затоа што сечиј болид во одреден момент висеше во воздух и беше цел на љубопитни погледи, така што сите сме на исто.

Тој не е загрижен од тоа што сите го видоа подот на неговиот болид затоа што екипите ионака имаат детални слики од сите болиди како дел од нивната работа.

слики од подовите се прават нонстоп низ падокот. цели екипи пристигнуваат со опрема во комбиња и сликаат цел викенд околу болидите. секоја екипа има фотографи на платниот список за да сликаат детали од болидите уште додека не се склопени, така што тоа не е ново.

сигурен сум дека во монако не беше прва слика од нашиот под иако ние даваме се од себе за да си ја заштитиме нашата интелектуална сопственос.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ