Хорнер открива: Хонда го испорача ветеното

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека тимот конечно ги добил ветувањата од пред почетокот на сезоната од страна на својот нов партнер за мотор, Хонда, откако тоа не било случај со французите од Рено.

Партнерството на Ред Бул и Рено донесе четири последователни двојни титули од 2010 година до 2013 година, но со почетокот на В6 турбо хибридната ера односот помеѓу двете компании стануваше тензичен, а во Милтон Кинс беа фрустрирани што не можеа да ги предизвикаат Ферари и Мерцедес.

Тимот ја искористи разделбата на Мекларен и Хонда и ги донесе јапонците првично во својата јуниорска екипа за 2018 година пред да им ја даде довербата и со силниот сениорски тим каде годинава партнерството имаше деби. Јапонците вратија со подобрена издржливост, а Хорнер признава дека перформансите само ќе раснат по големиот напредок сезонава.

низ годините гледавме многу графикои поготвени од рено ви вири, но никогаш не ги видовме тие графикони во пракса. ова е прва година во која се што ни беше ветено ни беше и испорачано. се работи за поинакво окружување и за поинаков вид на партнерство.

со хонда имаме вистинско партнерство, а гледате колку им значи на нив кога ќе стигнеме до добар резултат, кога ќе освоиме пол позиција или пак кога победуваме. емоцијата е огромна, гордоста исто така а задоволството се пренесува низ целиот бизнис.

мислам дека односот кој го имаме со нив е многу, многу поразличен од претходниот кој го имавме со рено во текот на в6 турбо хибридната ера – појасни хорнер.

Споредено со лани, Ред Бул освои два поени помалку годинава и победи на една трка помалку, но треба дасе земе во предвид дека лани во тимот поени носеше Рикардо, а сезонава малку искусните Гасли и Албон. Мкс Верстапен ја имаше најдобрата своја Формула 1 сезона, заврши на 3то место во возачкиот поредок ос три победи и пред тандемот на Мерцедес.

стигнавме до три пол позиции, иако една макс ја загуби, но победивме и на три трки. можевме да победиме и во монако и требаше да победиме во мексико. во остин бевме многу брзи така што имаме одличен болид на различни патеки сезонава.

напредокот на хонда во однос на моторот го спроведувавме заеднички со нашиот партнер за гориво и морам да потенцираме дека хармонијата е голема.

наместо да се караме и чувствуваме како муштерија, имаме вистинско пртнерство и делиме исти цели, а користа од тоа е очигледна – смета кристијан.

Првичниот договор на Ред Бул со јапонците завршува на крајот на следната година, но веќе најавија продолжувње на соработката за 2021 година, апреговорите и за две години потоа се во тек.

одлично е да се има простор а дишење и да не се работи само на кус рок. секако дека ќе почекаме да видиме како ќе се покажат правилата од 2022 година и понатаму, но годинава уживавме со хонда, напредувавме силно како што сите видоа и природно е да продолжиме да соработуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ