Хорнер откри дека е многу лесно да се соработува со Верстапен

Кристијан Хорнер објасни во детали зошто е лесно и хармонично да се работи со Макс Верстапен. 

Макс Верстапен и Кристијан Хорнер соработуваат веќе пет години и тие имаат хармоничен однос и покрај подемот и падот на тимот низ годините. За Хорнер, искреноста во комуникацијата помеѓу него и Верстапен е тоа што го прави животот полесен. 

Макс е веројатно еден од најиксрените возачи со кои сум работел и има едноставен пристап. ТОј сака да е отворен и искрен и мора да сте такви кон него.

На радио слушате како е брутално искрен и тоа е начинот на кој се комуницира. МИслам дека не оддава многу на публиката бидејќи приватно не е таков, но треба да поминете време со него за да го запознаете вистинскиот Макс кој всушност е фино момче кое е страствен тркач. Тој е многу мотивиран и гладен за успех – опиша хорнер.

Верстапен е познат дека сака да се трка независно од Формула 1 трките и поради тоа често вози онлајн ендјуранс со Тим Редлајн. 

Мислам дека не сум сретнал возач кој е толку мотивиран и гладен да ја постигне целта. Работиме со него, го менаџираме, често имаме искрени разговори. Тој можеби има различно мислење и на крајот наоѓаме заедничко решение. Мора да се справиме со тоа и да продолжиме. 

Хорнер додаде дека работата на Верстапен со неговиот инженер Џанпјеро Ламбиасе е позната по нивниот бесмислен пристап на радио. 

Мислам дека помеѓу Џанпјеро и Макс често не се знае кој е возач, а кој е инженер. Двајцата се знаат многу добро. Тој одлично се справува со Макс на патеката и таа врска е клучна.

Инженерот мора да го разбере возачот и што тој сака од болидот и затоа мислам дека врската е еднакво силна како таа на Роки и Себ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ