Хорнер откри: Новиот мотор ќе биде брендиран во Ред Бул

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, потврди дека тимот оваа година самиот ќе си ги брендира моторите, иако ќе добива огромна помош од јапонска Хонда, барем сезонава.

По одличниот период од четири последователни двојни шампионски титули со Рено, Ред Бул имаа тежок период во соработката со францускиот производител. Освоија титула лани, но една година претходно нивниот партнер Хонда потврди дека ја напушта Формула 1. Сепак, компанијата за производство на енергетски пијалоци не седеше со скрстнеи раце, туку ја откупи интелектуалната сопственост од Хонда, формираш компанија Ред Бул Пауертреинс и реши сами да си ги произведуваат своите мотори.

моторот ќе биде брендиран како ред бул мотор. како дел од нашиот договор со хонда, моторите ќе продолжуваат да се составуваат во јапонија, во фабриката во сакура, со помош и поддршка на технички персонал од јапонија – потврди хорнер.

Запрашан кога процесот на производство ќе биде пренесен во нивната фабрика во Милтон Киунс, Хорнер откри:

веројатно многу скоро, но моторите за оваа година ќе продолжат да бидат составувани во јапонија и праќани до нас.

благоадрни сме им на хонда што ни даваат толкава помош во овој танзициски период пред да станеме производител. моторите ќе доаѓаат запечатени од јапонија, целосната поддшка на трка ќе доаѓа од таму, исто како и лани. се работи за технички договор со многу широк опсег – потврди шефот на тимот.

Во врска со персоналот вклучен во проектот, Кристијан откри дека оние од Хонда кои работеле на моторот ќе бидат префрлени во Ред Бул, Масаши Јамамото ќе биде нивни консултант, а исто и Тојохару Танабе, иако двајцата ќе останат на платниот список на Хонда.

целокупниот персонал од тркачката дивизија на хонда во британија ќе биде префрлен кај нас, така што моторите ќе бидат сервисирани во нашата фабрика и со нашат опрема и персонал. сето тоа ќе заврши во мај или во јуни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ