Хорнер откри што им кажал на Чеко и Макс пред трката

Ред Бул победи втора трка по ред во доминантен 1-2 стил, а Кристијан Хорнер откри какви правила поставил пред возачите и што им кажал во пресрет на главната трка.

Главен проблем помеѓу возачите на тимот од Милтон Кинс во последниот дел од трката беше најбрзиот круг односно поставувањето на истиот. Перез посочи дека не добил иста информација како Макс во врска со тоа дали можел да притиска или не, а Хорнер тврди дека мексиканецот самиот се откажал од својот летечки круг.

имаме многу зрели возачи, двајцата се такви и работат одлично заедно, исто каако и претходно. разговаравме за тркат и сценариата пред почетокот на истата и им кажав дека може да се тркаат, но и дека тимот е на прво место, мора да се почитуваат и да си оставаат простор затоа што сакаме максимални поени. тие го направија токму тоа што го побарав од нив – откри хорнер.

Радио комуникацијата покажа дека имало долги раговори помеѓу возачите и нивните инженери во последние неколку кругови од трката околу најбрзиот круг и поенот кој тој го носи. Запрашан дали тимот побарал од возачите повеќе да менаџираа, Хорнер одговори:

секако дека прв интерес на тимот е да однесе максимални можни поени од секоја трка и доколку во некој момент сметате дека имате некаков технички проблем, секако дека барате менаџирање на трката.

макс преку радио ни јави дека поенот за најбрз круг му значи многу на него, така што ние не видовме проблем да му дадеме можност да се обиде, но исто така и на чеко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ