Хорнер очекува грешки од “улежаните“ возачи

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, се подготвува да плати голема цена оваа сезона по одложениот почеток поради пандемијата. Тој е убеден дека поради ова многу возачи ќе го изгубат својот моментум и нема да се толку добри. 

Ова е можеби најголема пауза за некој возач да не седне на седиште, но Тоа можеби е и здраво.

Доколку почнеме во јули, тие сеуште нема да се во форма и ќе има инциденти. Не е природно за возачите и членовите на тимовите да седат со скрстени раце. Натпреварувачот сака трки.

Мислам дека е најдолга пауза откако не сум бил на патека од кога имав 12 години. Сигурно е најдолг период во кој сум бил на едно место откако одев на училиште. Кога не правиш нешто што го сакаш долго време, сфаќаш колку ти фали – смета британскиот шеф на екипата од милтон кинс.

Но, Хорнер е благодарен на времето поминато со своето семејство. 

Позитивно е што почнувате да ги цените луѓето околу вас. Пријателите, семејството и сите поврзани ситуации и сфаќате дека ништо не е повредно од животот.

На децата им се допаѓа. Добро е што ги гледам повеќе во текот на една нормална недела. Излегувам од канцеларија, читам весник и се враќам после 20 минути. 

Хорнер е зафатен со одржување на контакти со колегите од Ред Бул и пријателите од падокот. 

Имаме различни типови на контакти, онлајн фитнес часови, пабови, и состаноци на Зум. Важно е да се создаде мисла дека тимот опстанува иако не сме заедно. Тоа е силата на тимот и начинот на кој работиме.

Неодамна имав видео повик со Дејвид Култхард. Никогаш не сум имал видео повк со него. Тој има многу чудна морнарска брада. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ