Хорнер очекува нов датум за Британското Гранд При

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека Британското Гранд При ќе се врати на календарот на крајот на европскиот распоред, наместо целосно да се откаже.

Новите правила за карантин кои започнаа во Британија значи дека трката на 19 Јули можеби нема да се одржи откако Формула 1 не доби исклучок. Со новите правила, тие кои ќе пристигнат во Велика Британија по 8 Јуни ќе мора да се изолираат 14 дена, што значи пауза од 2 недели за Формула 1 пред трката.

Хокенхајм и Хунгароринг одвај чекаат да го земат местото на Силверстон, но Хорнер смета дека трката најверојатно ќе биде додадена на крајот на европскиот распоред.

Можеби ќе најдат место на крајот. Можеби ќе одиме во Австрија за 2 трки, потоа другите европски трки, а потоа назад во Британија. Тоа ќе значи месец Август. До тогаш се надеваме работите ќе се подобрат и ќе биде дозволено повеќе движење. 

Да бидеме реални, ќе бидеме тестирани постојано каде и да патуваме. Во Формула 1 ќе има тест секој втор ден. Ќе има повеќе податоци за Формула 1 персоналот. Луѓето кои патуваат ќе бидат во изолација во секој случај – вели хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ