Хорнер очекува силен Мерцедес на следните две трки

Кристијан Хорнер очекува Силверстон и Пол Рикар, следните две трки од календарот, да му одговараат на болидот на Мерцедес како што има одговараше шпанска Барселона.

Спортот се враќа во Европа за Британското Гранд При на почетокот на Јули, потоа следува пауза од само една недела па настанот во Франција, кој може да биде последен на Пол Рикар. Ред Бул има свое седиште во Милтон Кинс што е 15-тина километри од Силверстон, а на патеката имаат 6 победи.

Хорнер смета дека следните две трки ќе бидат голем предизвик затоа што очекува Мерцедес и Ферари да бдат силни на нив.

мислам дека мерцедес ќе бидат силни на силверстон, а не гледам причина и зошто да не бидат силни на пол рикар. неверојатно е што имаме шест победи по ред, но на силверстон очекувам да биде тешко – најави хорнер.

Серијата од одлични резултати е втора најдолга низа на паобеди за “биковите“ послаба само од онаа од 9 победи кога во тимот беше Себастијан Фетел и освоија две титули во 2013 година. Мекларен го држи рекордот на такви постигнувања со 11 трки со победа по ред во 1988 година.

би акал да продолжиме да победуваме, но секоја трка станува потешка. кога ќе видите како се менува шампонатот и каде бевме во австралија и каде сме сега, јасно е дека има многу промени. мислам дека макс е во одлична форма и болидот подобро му одговара одошто на почетокот на сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ