Хорнер: Перез може повеќе да го притисне Верстапен одошто Албон

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, е убеден дека поискусниот Серхио Перез може повеќе да го притисне Макс Верстаоен одошто тоа беше случај со младиот Александер Албон минатата сезона, нешто што смета дека ќе биде клучно за да се стигне Мерцедес.

Холанѓанецот победи на две трки во 2020 година, исто како и вториот возач на Мерцедес, финецот Валтери Ботас, а на крајот од сезоната заостана само девет поени зад него, додека Албон беше далеку од перформансите и пласманите на својот колега, по што тимот реши да го замени.

Ред Бул потпишаа со мексиканецот Серхи Перез, возач кој не е производ на нивната Академија од која ги хранат своите две екипи со возачи долги години.

чеко има големо искуство и во формула 1 е веќе 10 години. неговите перформанси минатата година беа одлични особено на трка каде беше многу силен.

сметам дека тој ќе го притисне макс многу повеќе одошто албон минатата сезона и се надевам дека тоа ќе не направи многу посилни и ќе можеме да се бориме со мерцедес – појасни шефот на екипата, кристијан хорнер.

Тимскиот шеф ја пофали одличноста на својот нов возач и смета дека неговата победа на Бахреинското Гранд При и освојувањето на подиуми со болиди кои не го заслужуваат тоа е доказ дека тимот не погрешил при изборот.

во својаа прва година во фп2 тој секогаш имаше посилни трки одошто квалификации и возеше со решителност никогаш не откажувајќи се и тоа стана негов заштитен знак низ кариерата.

не е никаква случајност што успеа да освојува подиуми со болиди кои не припаѓаа во топ 3. тој вози со огромна решителност на трките и менаџира со гумите фантастично. серхио е во дел од својата кариера каде има научено се.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ