Хорнер: Поразот во Абу Даби ги “напали“ Мерцедес

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, верува дека доминантната победа на Макс верстапен на гинелто во сезоната одржано во Абу Даби, ги мотивирало Мерцедес да “склопат“ уште посилен болид годинава.

Верстапен беше најбрз на тркачкиот викенд во Емиратот и победи на трката со повеќе од седум секунди предност во однос на Мерцедес, иако се појавија и шпекулации дека “сребрените“ ја намалиле моќта од својот мотор поради загриженост.

Хорнер смета дека резултатот е можно да предизвика реакција во Мерцедес и дека викендот на Јас Марина не е точна слика на распоредот на силите во падокот. Мерцедес доминантно освои седма двојна шампионска титула и лани, а Хорнер предвидува и најавува поголем отпор сезонава.

мерцедес е страшна машина, но ние покажавме дека можеме да ги победиме со напорна работа и со исполнување на сите зададени задачи. мислам дека ќе бидат дополнително мотивирани поради поразот на последната трка и очекувам тото волф и џејмс алисон да го искористат тоа и да создадат уште посилен болид годинава. ние секако немаме никаква намера да ги потцениме.

наша цел е да го искористиме тоа што го научивме минатата сезона и да го спроведеме сезонава и се надевам дека рб16б ќе биде добра еволуција на својот претходник.

мерцедес се јасни фаворити за нова двојна титула, но ние сме возбудени и мотивирани од претстојниот предизвик и нема да се откажеме од трката по нашиот 5ти наслов во историјата – најави хорнер.

Бритнскиот шеф смета дека клучно за неговиот тим е да го спроведе сето тоа што го научиле ланската сезона.

последните седум години гледаме една целосно доминантна екипа и со континуитет тоа да се случи и годианва поради непроменливоста на правилата и секако на нивните возачи. нема кој не очекува моќен мерцедес и годинава.

но, се надевам дека со се што научивме минатата сезона ќе направиме поголем и поконстантен притисок над мерцедес кој сигурен сум дека ќе бидат невероајтно силни и повторно фаворити. нивниот лански болид беше најдобар во турбо хибридната ера во која доминираат, а да се поразат ќе биде огромен предизвик за нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ