Хорнер: Потисната сила во 2021 треба да биде уште помала

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека ФИА требала уште повеќе да ја намали потисната сила на болидите за 2021 година.

Пред стартот на сезоната, беше договорена промена на правилата за подот со цел да се намали нивото на потисна сила и да им се помогне на Пирели да се користат истите пневматици трета сезона по ред. По проблемите на Силверстон, дополнителни помали мерки се воведени за 2021 година, со севкупно предвидено намалување од околу 10 проценти.

Мислам дека е тешка ситуација. Тимовите мислам дека ќе ја вратат целата потисна сила која можеби ќе биде одземена. Можеби повеќе можеше да се стори од страна на ФИА и доколку имаше сомнежи околу притисокот над пневматиците и да се превземе повеќе.

Но, секако кога и да промените нешто, тоа воведува трошоци бидејќи мора да се најде балансот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ