Хорнер предлага трка од обратен грид, но надвор од календарот

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, смета дека обратниот стартен грид треба да биде пробан на трки организирани за таа намена, кои нема да се бодуваат за официјалниот шампионат.

Спортот планираше да воведе обратен стартен грид на неколку трки од оваа сезона, но предлогот беше блокиран од страна на Мерцедес. Но, по драматичното Италијанско Гранд При, предлогот за таков старт се врати “на маса“ зато што трката на Монца беше многу возбудлива.

За следната тркачка сезона, изгледите да с евоведе обратен стартен грид се поголеми поради потребното “супер мнозинство“ кое е потребно за да се протурка промена од таков вид.

Хорнер смета дека промените не треба да плашат и дека промена на формат треба да се проба на настани надвор од шампионатот.

ако постои некаква можност или некаква трка врз база на покани која нема да се бодува за првенството, нешто да се обидеме на тој начин ќе биде многу интересно да се види како краен исход. проблемот е што се додека не се обидете нешто, нема да знаете затоа што е лесно да критикувате и да велите дека “нема врска“ и нема да донесе резултат.

во животот треба да пробате работи за да го видите исходот од нив. може да се направи на начин што ќе биде посебна трка надвор од првенстовот затоа што не гледам логика во трки под различни правила.

имаме фантастични нови патеки кои притискаат да добијат трка оваа година и треба да искористиме и да се тркаме некаде на некој експериментален начин. што има да се загуби доколку избереме еден настан и пробаме различни правила, ништо.

Последна трка надвор од официјалниот шампионат беше одржана во 1983 година, додека правилата за следната година бараат барем 7 екипи да гласаат за промени од таков вид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ