Хорнер претпазлив: Се може да се промени на 14 трки до крајот

Доминантните Ред Бул имаат 6 победи на исто толку одржани трки сезонава, така што многумина почнаа да се прашуваат дали екипата од Милтон Кинс може да победи на сите трки до крајот на годината.

Ривалите бараат начин да го стигнат доминантниот тим, но за сега тешко им оди, а со формата во која е Макс Верстапен, тимот има за што да биде задоволен. Верстапен и Перез победија на сите трки до сега, а останатите чекаат грешки за да искористат некој подиум.

Запрашан за можноста да победат на сите трки до крајот на сезоната, Кристијан Хорнер, тимскиот шеф, е многу претпазлив.

имаме уште 14 трки до крајот на сезоната и многу работи може да тргнат наопаку. да се потсетиме, поминаа само шест трки до сега.

влогот е огромен, во монако времето можеше да промени се, а има и други работи и фактори кои може да тргнат наопаку. конкуренцијата станува се посилна и може да направи разлика. одиме трка по трка, чекор по чекор – појасни хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ