Хорнер: Ред Бул на секоја трка како да е финале

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, се изрази со фудбалска метафора со цел да го објасни ставот на екипата во 2020 година, велејќи дека за нив секоја трка ќе бие како финале.

Хорнер смета дека можеле да стигнат до победа откако двајцата возачи пред нив паднале во форма, односно забавиле при крајот на првата трка во Австрија, трка на кој победи Валтери Ботас.

Мислам дека ја имавме победата, гледајќи кон крајот кога Валтери имаше проблеми. Стратешки бевме одлични, силни, штета е што немаме поени поради тоа. Мерцедес завршија добра работа во зимскиот период, тоа го видовме во тестовите.

Во однос на моторот, изгледаме силно и имаме основа на многу, многу добар болид, а фактот што успеавме да ги разделиме со Макс е ветувачки. Мора да се обидеме да најдеме решение за балансот со кој имавме проблеми во квалификациите и да се вратиме посилни.

на секоја трка мора да се појавиме како да е финале. Мислам дека го сторивме тоа, стратешки бевме силни и притискаме напред. Со двата болида бевме во позиицја да нападнеме за победа и мора да продолжиме со тој пристап – најави хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ