Хорнер сака да експериментира со спринт трки

Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, смета дека Формула 1 не треба да се плаши од експериментирање кога станува збор за воведување на спринт трки.

Формула 1 дискутира за плановите за радикален нов концепт на три тркачки викенди во 2021 година, со идеја за спринт трка во Сабота во која ќе се додели намален број на поени, а резултатот ќе го одреди стартниот поредок за главниот настан во Недела.

Трките номинирани патеки за пробен формат се Канада, Италија и Бразил, а квалификациите ќе се одржуваат во Петок наместо на Т2 за формирање на стартниот поредок на спринт трката. Сè уште ништо не е потврдено, иако извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, рече дека има широка поддршка меѓу тимовите за проектот.

Од тимските шефови, Кристијан Хорнер од Ред Бул и Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, сакаат да дадат можност, но Гунтер Стаинер од Хаас е против, бидејќи смета дека тоа ќе го направи првенството уште помалку конкурентно. Хорнер, цитиран од Auto Motor und Sport, изјави:

Ќе ни беше лесно да отфрлиме сè. Но, ако никогаш не пробате нешто, никогаш нема да знаете дали работи. Не треба да се плашиме од експериментирање. Ако не донесе успех каков што посакуваме, секогаш можеме да се повлечеме.

ДНК на спортот е важна. Вимблдон сè уште се игра на трева, а тенисерите носат бели шорцеви и бели кошули, Но ние исто така мора да еволуираме.

Некои од трките се досадни. Абу Даби беше одлична за нас, но веројатно прилично монотона за гледачите.

Формула 1 е забава. Љубителите на спортот имаат многу избор. Некако мора да ги привлечете и најдобриот начин да го направите тоа е со блиски и отворени трки каде возачот прави разлика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ