Хорнер: Себ е “болно“ добар во се што прави

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, предвиди успешна иднина по крајот на Формула 1 кариерата на Себастијан Фетел, посочувајќи дека тој е болно добар во се што прави.

Себ ја одработе својата последна трка во Ноември минатата година во Абу Даби откако повеќе од 15 години беше дел од гридот на врвната мотоспорт тркачка серија, патем победи 53 пати и освои четири титули. Засега тој не открива што ќе прави следно, иако доктор Марко не исклучи можност да биде негов наследник во Ред Бул.

тој е фантастичен со луѓе, ја разбира вредноста на луѓето и придонесот кој тие го прават за успехот. мислам дека станува еден вид советник за возачи последните неколку години, така што зависи што сака да прави понатаму.

тој е еден од оние кои се болно добри во што и да изберат да прават, така што сигурен сум дека ќе избере пат и ќе избере нешто во што ќе биде фантастичен – верува хорнер.

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, последниот шеф во Формула 1 кариерата на Себ, се согласува со Хорнер.

не знам што сака да прави, но со својата личност и својата споосбност, може да прави што сака и ќе биде многу успешен.

И Матиа Биното, за кого Себ возеш ево Ферари, со задоволство се присетува на 6те заеднички години со Фетел во Скудерија, години во кои тој се запознал со човечките квалитети на германецот.

во ферари имавме среќа тој да биде дел од нашата екипа и мина шест важни години кај нас. донесе многу како возач , но донесе многу и како човек и секој поединец во ферари го сакаше себастијан. сите луѓе во ферари сеуште го обожаваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ