Хорнер сигурен дека Верстапен ќе остане во Ред Бул

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, е сигурен дека Макс Верстапен ќе вози за тимот следната година по шпекулациите дека возачот е незадоволен од перформансите и ќе ја напушти екипата на крајот од оваа тркачка сезона.

На крајот на минатата година МАкс потпиша тригодишен договор со екипата од Милтон Кинс што го обврзува да остане во тимот до 2023 година. Долгорочен договор во Ред Бул во 2014 година имаше и Себастијан Фетел, но и кај него имаше клаузула за перформанси која германецот ја искористи и мина во Ферари.

секако дека договорот помеѓу возачот и тимот секогаш ќе биде доверлива работа и секогаш ќе има шпекулации, но јас сум целосно сигурен дека макс верстапен ќе биде во ред бул следната година – ги негираше сите шпекулации шефот на екипата.

Техничкиот шеф, Адриан Њуи, е поврзуван со трансфер во Астон Мартин догодина, но Хорнер го демантираше и тоа.

адриан е со нас 14 години и среќен е во тимот, уживав да работи во тоа окружување и јасно е дека минатиот период не беше многу вклучен во формула 1 проектот, но сигурно е многу мотивиран. и тој сигурно ќе биде дел од тимот догодина, нема сомнеж околу тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ