Хорнер смета дека Албон има слични особини со Верстапен

Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, смета дека неговите двајца возачи, Александер албон и Макс Верстапен имаат многу слични карактеристики во врска со соочување со притисокот.

Албон претсојнава сезона ќе ја одработи крај осумкратниот победник на Гранд При трка, Макс Верстапен, во сениорскиот тим на Ред Бул откако имаше турбулентна јуниорска кариера во која беше отпуштен од програмата на Ред Бул, а потоа вратен директно во Формула 1 кај Торо Росо.

веројатно дека оваа година ќе биде прва мирна во кариерата на албон во однос на зимскиот период од времето додека возеше во картинг и сметам дека од тоа може да има само корист затоа што вот текот на кариерата мораше да се соочува со многу работи.

тој покажа неверојатна решителнос, а мирниот дел од кариерата и стабилноста може само да му помогне. тој има многу слични карактеристики со макс кога се зборува за соочување и менаџирање на притисокот – објасни хорнер.

Иако Албон не е многу поблиску до Верстапен одошто неговиот претходник Пјер Гасли, британецот со тајландско потекло се покажа како многу поконстантен во однос на освојувањето на поени и подобро се адаптира на трка како и помалку греши.

нема некоја посебна цел за негоза 2020 година освен да продолжи со својот развој и напредок. гледате дека на секоја трка која ја одработи со нас стануваше се подобар. немаше среќа во бразил, а возеше бирилијантно во првата формула 1 сезона во која мораше да промени екипа на средината и да го има макс верстапен крај себе.

одлилно се носеше со притисокот и ги импресионираше сите во тимот со пристапот, ставот, фидбекот и ритамот кој продолжува да се подобрува – заврши хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ