Хорнер со дефинитивно НЕ за Фетел

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, дефинитивно стави крај на надежта за враќање на Себастијан Фетел во Ред Бул следната тркачка сезона.

Шпекулациите во пресрет на Штаерското Гранд При велеат дека сопственикот на тимот од Милтон Кинс, Дитрих Матешич, му дал инструкции на доктор Хелмут Марко да го врати Себ во тимот, но Хорнер и дефинитивно стави крај на таквото сценарио.

не очекувавме фетел да биде слободен возач оваа година. нашата обврска кон сегашните возачи постои и мислиме дека во макс и алекс имаме одличен тандем со голем потенцијал за во иднина.

за жал нема да имаме можност да му дадеме простор на себастијан. тоа е дефинитивно не и и себастијан е свесен за тоа – изјави хорнер денеска за британски Sky Sports F1.

Враќање на Себ во тимот претходно исклучи и доктор Марко во својата изјава за италијански Sky Sports.

следната година немаме место за фетел во ред бул затоа што веќе имаме двајца возачи. во 2022 година некои договори ќе завршат и тогаш можеме да ги разгледаме опциите. дали тој може да ја врати формата зависи само од него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ