Хорнер: Ужасен ден за очајниот Перез

Серхио Перез имаше тешка сабота од Гранд При викендит во Мелбурн, а шефот Хорнер го опиша денот како ужасен за неговиот возач, кој патем смета дека бил очаен.

Мексиканецот посочи дека имал проблем со сопирачките на својот болид што го чинело извртување и уништени квалификации. Промашувајќи ја точката на кочење во пресрет на 3ра кривина, тој се изврте и заглави во песокот крај патеката.

имаше ужасен ден денеска. се почна утрото кога задоцни на мостот за мерење, но немаше проблеми и планот за т3 беше различен од оној на макс. тој не требаше да вози долги серии, само две куси.

но, не успеа да ја врати смодовербата која ја загуби на утринската сесија и во својот квалификациски круг, кој не требаше да биде последователен, ги закочи тркалата, излета и заглави во песокот – откри хорнер.

Хелмут Марко експресно реагираше на изјавата на Чеко дека му се повторил проблемот од утринската сесија, Хорнер посочи дека екипата ги проверува сите податоци пред да донесе заклучок, но призна дека проблемот е некаде во моторот.

ги проверуваме податоците за да видиме дали се е во ред со моторот и неговото менаџирање и дали тој придонел за некаков проблем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ