Хорнер: Хамилтон треба да го промени пристапот

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека Луис Хамилтон треба да го промени пристапот и поинаку да ги одработува трките во иднина откако втор пат на последните три трки британецот имаше контакт со Александер Албон, контакт по кој возачот на Ред Бул не заврши трка.

Нивниот дуел беше во борба за 2ро место по последниот рестарт кога Албон беше на меки и нови гуми, а Луис на дотрајани хард. Стјуардите сметаа дека Луис е крив за инцидентот и му дадоа пет секунди казна што го чинеше подиум.

Кристијан Хорнер по трката го повика актуелниот првак да се се извини, додека Тото Волф сметаше дека неговиот пулен бил престрого казнет. Шефот на Ред Бул беше запрашан да му даде совет на својот возач за дуелите со Хамилтон во иднина на што тој изјави.

биди внимателен.

алекс немаше брзина на правците, но знаеше дека има предност во грип за да го помине во кривина. што се однесува до него, тој веќе го претекна и се насочи кон валтери ботас кога луис стави негово тркало на средина од болиот. треба луис да се запраша дали можеше поинаку да се однесува – вели хорнер.

Потоа тој доби прашање дали се согласува со Тото Волф кој сметаше дека досудената казна е престрога, на што одговори:

алекс нема победа во својата кариера, а инцидентот се случи на излез од кривина. зошто луис имаше потреба да го постави тркалото така не знам, но јасно е дека е фрустриран што втор пат за две трки алекс беше побрз од него и пред него. навистина немаме среќа затоа што со него имавме шанса за победа.

Многумина сметаат дека британецот со тајландско потекло требало да биде повнимателен во борбата и да почекал повеќе затоа што имал очигледна предност, но Хорнер не смета така.

најголема предност која ја имаше беше дека гумите му беа загреани затоа што мерцедес имаше постари хард гуми кои беа оладени зад безбедносното возило.

денеска видовме дека мерцедес се многу силни на правците и мораме да поработиме на тоа. албон ја заврши работата во кривина, мина и само забрзуваше, а луис некоректно се постави.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ