Хорнер: Чеко стекна верба во болидот по летната пауза

Кристјан Хорнер, шефот на Ред Бул, смета дека Серхио Перез го носи во тимот точно тоа што се очекува од него, а самодовербата и вербата во болидот ги стекнал по летната пауза.

Мексиканецот дојде од Рејсинг Поинт во пресрет на оваа сезона и мачеше да с прилагоди на РБ16Б болидот кој не е воопшто лесен за возење, но од скоро ужива во перформансите и успесите со три последователни подиуми. Една од најдобрите трки за него беше домашното Мексиканско Гранд При кое го заврши на 3то место и го напаѓаше Хамилтон до крајот на трката.

почна да верува во болидот, тоа се случи од летната пауза откако неговите перформанси стануваат се подобри. одлично вози, верува на пакетот што го има на располагање и дава резултати и перформанси какви што очекувавме од него – објасни хорнер.

Чеко е трет партнер на Макс Верстапен во последните три години во Ред Бул откако лани за тимот возеше Албон, а претходно Пјер Гасли. Запрашан зошто Перез немал верба во болидот, шефот на тимот објасни:

ова е целосно нов стил на болид за него, целосно нов концепт на кој не е навикнат. исто така доаѓа во нова екипа каде се околу него му е непознато и му треба време да се привикне. штом успеа во тоа, го покажа тоа што го чекавме од него.

Тимот од Милтон Кинс успеа да анулира 36 поени негатива во однос на Мерцедес поради одличните изданија на Перез и во моментов е на само поен зад “сребрените стрели“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ