Хулкенберг делумно возбуден за паузата од Формула 1

Нико Хулкенберг вели дека е делумно возбуден околу некои елементи што нема да биде на Формула 1 гридот во 2020 година.

Хулкенберг ќе биде заменет во Рено од Естебан Окон следната година и не успеа да најде возачко место во друга екиа, откако останатите места веќе беа пополнети. Германецот се пласираше на 12то место во последната трка за Рено во Абу Даби, која беше негова 177ма и последна во Формула 1 за него по 10-годишна кариера во првенството.

Знаев подолго време дека ќе дојде до ова и подготвен сум. Дел од мене е возбуден за тоа што ме очекува, го затворам ова поглавје и отворам ново. Што ќе се случи или нема да се случи во иднината, не знам, никој не го знае тоа.

За мене очигледно е добро да заминам и да се исклучам од тркањето неколку месеци, а потоа да видам што ме очекува и да се подготвам. Не се откажувам од ништо. За мене, сеуште е забавно во моментот и дел од мене е возбуден за паузата.

Нема да живеам според распоред, во некаков ритам, да мора да правам нешто. Ова е очигледно неверојатна работа и прилично сме среќни што сме во индустријата.

Формула 1 е многу уникатна, многу кул и посебно, но секако бара одреден вид на живот, мора да следите распоред. Може да биде премногу интензивно понекогаш. Добро ќе биде да се замине – вели хулк.

Хулкенберг сеуште не ги потврдил плановите за тркање во 2020 година, но медиумите шпекулираат дека е можно да се пресели во Америка и да учествува или во ИндиКар или во НАСКАР.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ