Хулкенберг е сеуште расположен да се врати на гридот

Нико Хулкенберг ужива во лабавиот период без трки оваа сезона, но најави дека сака да се врати на Формула 1 календарот доколку постои било каква можност за тоа.

Германецот го држи неславниот рекорд за најмногу стартови на трки без подиум, вкупно 177, а на крајот од минатата година, по три сезони кај Рено, го заврши своето Формула 1 патешествие. Откако стана јасно дека француската фабричка екипа повеќе нема да смета на него, постоеше можност да вози во Хаас или Алфа Ромео, но екипите одлучија да си ги задржат актуелните возачи.

јас сум подготвен да се вратам на гридот и тоа е моја цел, но во моментов е тешко да кажам било што затоа што многу фактори се во игра и се е испревртено.

останува поврзан со луѓето од формула 1, сеуште е многу рано, но доколку постои било каква шанса да се вратам, ќе ја зграбам со двете раце. доколку се работи за добра можност која ме возбудува, ќе притиснам да се случи – најави хулк.

Германецот вели дека ќе разгледува само можност за добро возачко место каде ќе може често да се бори за поени.

не велам дека претендирам да најдам болид кој ќе победува, но барем нешто со што можам да финиширам во поени, болид кој ќе ме носи до топ 10.

ми недостасува формула 1, ми недостасуваат екипите, возбудата, работата, понекогаш дури и премногу, а пред се ми недостасува забавата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ