Хулкенберг и Квјат на листата на Вилијамс

Се појавија гласини дека Вилијамс ќе бара возач во тимот доколку Џорџ Расел замине во Мерцедес, како што падокот се посилно најавува. 

Се зборува и за промена на местата на финецот и британецот доколку Мерцедес се одлучи да го донесе Расел покрај Хамилтон. Со ослободувањето на местото во Вилијамс, каде Расел е на позајмица веќе три години, можно е враќање на Валтери Ботас во тимот за кој претходно возеше. Но, Вилијамс разгледуваат повеќе возачи, според коментаторот Лоренс Барето. 

Барето смета дека покрај Ботас на листата се и Нико Хулкенберг и Даниил Квјат кои немаат место на гридот и се заменски возачи во Мерцедес и Алпин. Тој исто така смета и на Пјер Гасли доколку биде ослободен од Ред Бул. Барето го спомнува и Дан Тиктум кој е член на Вилијамс Академијата. 

Николас Латифи ќе остане во тимот иако се мачи во споредба со британецот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ