Хулкенберг не се откажува од Ф1

Нико Хулкенберг не отфрла враќање во Формула 1 во днина откако по неговото деби во Вилијамс миан 10 сезони во тркачката серија тркајќи се и за Форс Индија, Заубер и Рено каде ја заврши Формула 1 кариерата.

Фабричката екипа на Рено реши да го замени со Естебан Окон за 2020 година, а голем дел од падокот застана на страната на германецот велејќи дека е штета што спортот губи таков талент.

Сепак, 32-годишниот Нико не е разочаран и мирно гледа кон првата сезона во која можеби воопшто нема да се трка.

во моментов не е толку тешко колку што мислев дека ќе биде. можеби по 10 години не е толку лошо да направите пауза особено по толку тешка година како 2019. кој знае што ќе ми донесе оваа пауза на крајот – смета хулк.

Тој не се откажува целосно од врвната тркачка серија и не ги отпишува неговите шанси.

во моментов единствено е сигурно дека во 2020 година нема да се тркам. немам ништо конкретно и сигурно за во иднина и ќе морам да ги почекам резултатите. има работи на кои не можам да влијаам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ