Хулкенберг: Хамилтон треба да си ја намали платата

Нико Хулкенберт смета дека Луис Хамилтон треба да го следи примерот на многумина и да си ја намали својата плата во екот на пандемијата на Ковид-19.

Во Март кога Формула 1 очајно се обидуваше да ја почне сезоната во Мелбурн, Хамилтон беше најгласен критичар на тоа што се случуваше велејќи дека парите го вртат светот и поради тоа е сето инсистирање.

По откажаната трка во Мелбурн, пандемијата ескалираше, а ситуацијата во Европа драстично се влоши по што стартот на сезоната во Формула 1 никој не може со сигурност да го предвиди. Речиси сите екипи го пратија својот персонал на принуден одмор, а врвниот менаџмент и возачите се откажаа од дел од своите примања.

за мене е лесно да коментирам затоа што не ме засега, но верувам дека возачите треба да ги поддржат екипите особено кога сите се борат за својата егзистенција.

фудбалерите се откажуваат од дел од своите плати, а да не се биде пример за останатите нема да биде фер кон сите во екипите кои имаат намалени примања периодов.

оние кои повеќе заработуваат имаат повеќе простор да бидат великодушни и хумани. тоа се однесува на сите возачи, а луис може да покаже што мислел кога во австралија кажа дека “парите го вртат светот“ или “готовината е крал“ – објасни хулкенберг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ