Хулк мирно спие по напуштањето на Ф1

Нико Хулкенберг откри дека се помирил со напуштањето на Формула 1 и не смета дека има некаква недовршена работа во спортот.

На крајот на минатата година германецот стана прекуброен на гридот откако Рено се одлучија да го заменат за Окон, а никој друга екипа не се одлучи да го земе кај себе, иако Хаас, Алфа Ромео и Вилијамс имаа слободно место.

Со 511 поени, една пол позиција и два најбрзи кругови заврши неговата Формула 1 кариера, но и еден неславен рекорд од најмногу стартови без подиум.

не се чувствувам како да имам некаква недовршена работа. јас моето го завршив и бев одличен и константен во годините во кои возев. секогаш сум бил сакан во тимот и сум бил плаќан за да возам и тоа доволно зборува за моите квалитети.

секако дека сакам рекорди и поени, подиуми и победи, но постојат причини што мојата криера не отиде во таа насока, а во моментов сум помирен со тоа. добро спијам, мирен сум, не продолжувам да се тркам, но животот продолжува понатаму – изјави хулкенберг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ