Хулк смета дека Рено ќе има огромен предизвик догодина

Нико Хулкенберг, веќе поранешниот возач на Рено, смета дека француската фабричка екипа ќе има полни раце работа за да ги предизвика најдобрите три екипи и да предизвика во поредокот.

Лани тимот од Енстоун коотно го освоија 4то место и беа најдобри од останатите, но сезонава ги претекнаа Мекларен каде тие даваат свои мотори. Дополнително, се чини дека “жолтите“ не намалиле од заостатокот кој го имаат зад големата тројка.

Германецот открива дека Рено ја немале годинава која ја посакувале и се мачеше со константност додека се фокусирале на внимателно насочување на ресурсите кон 2021 година во пресрет на големата промена на правилата, а следната година же биде “жртвено јагне“ за нив.

јасно е дека сеуште имаат огромен предизвик пред себе. мислам дека целосно се насочени кон 2021 година затоа што сакаат да напредуваат дополнително. годинава беше чекор наназад и не беше сезона на која тимот се надеваше.

имаат голем предизвик пред себе да се вратат многу посилни следната година. дефинитивно предизвикот е голем и интересен и јас им држам среќа и им посакувам се најдобро – изјави нико.

Во пресрет на големата промена на правилата францусите прават техничко реструктурирање на својата екипа. Долгогодишниот технички шеф, Ник Честер, замина по 20 години од Енстоун, додека се чини оти поранешниот инженер на Мекларен и Ферари, Пет Фрај ќе дојде во екипата штом ќе завршат неговите договорни обврски кон Вокинг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ