Хју Џекман ќе го глуми Енцо во новиот филм за Ферари

Следната година ќе се појави филм за основачот на Скудерија, Енцо Ферари, а веројатноста дека него ќе го глуми Хју Џеман е голема.

Филмот треба да почне да се снима на пролет и да биде режиран од Мајкл Ман. Посветен ќе биде целосно на животот и кариерата на Енцо. Во 1957 година Ферари е во лоша ситуација поради финаиски проблеми и е критикуван од Ватикан, а Енцо го губи својот син Дино кој има само 24 години.

Ман работи на проектот долго време и продуцкијата почнува од почеток на следната година. Режисерот има работено на филмови со спортска тематика, го режираше филмот за Мухамед Али, а го продуцираше Miami Vice and Heat.

Ова нема да биде прв филм за Ферари, а во 2003 година имаше филм за легендарниот бренд со Серџо Кателито во главна улога.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ