Цесаре Фиорио објасни зошто преговорите со Фетел се одложени

Себастијан Фетел ќе се надева дека 2020 година ќе биде подобра од 2019 за да заслужи нов договор.

Поранешниот спортски директор на Ферари, Цесаре Фиорио, има објаснување зошто преговорите помеѓу Фетел и Ферари се застанати во место. Фетел имаше тешка сезона минатата година, со победа само во Сингапур и беше поразен во првенството од својот тимски колега, Шарл Леклер. Германецот беше вклучен и во неколку контроверзни ситуации и доведе до меѓусебно откажување на него и Леклер во Бразил.

Цесаре Фиорио верува дека грешките на Фетел и младите возачи се причините за одложувањето на новиот договор за Фетел.

Грешките на патеката се контраст од силното искуство на Фетел кое го здоби во Ред Бул каде освои четири титули. Пристапот на Биното е исправен ако земат во предвид два аспекта.

Прво, пристигнувањето на Леклер кој покажа особено способности со освојување на победи и пол позиции и без страв од неговиот поискусен тимски колега.

Второ, пристигнувањето на неколку млади возачи во пониските категории – појасни Фиорио.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ