Чадвик си обезбедува Ф1 иднина

Актуелната шампионка во женската В тркачка серија и развоен возач на Влијамс, Џејми Чадвик, доби финансиска подршка со која би ја продолжила нејзината кариера во јуниорските серии и можеби ќе стигне до место во врвната Формула 1. 

Таа лани победи на првата сезона од женската В серија и веќе доби подршка од австралискиот бизнисмен Дејвид Дикер да се натпреварува со Према во европската Формула. 

Таа ќе вози покрај Артур Леклер, Џанлука Петекоф и Оливер Размусен. Нејзините надежи се дека ќе влезе во Формула 3 и Формула 2, понатака и до врвната Формула 1 до 2023 или 2024 година. 

Ова е исполнување на mojot сон. Доколку имав помал буџет, немаше да возам за Према и ова ми е одлична шанса.

Страшно е колку финансии се потребни за моторспортот, Тоа е огромна сума, Но возбудливо е да се вози за Према.

Во Формула 3 наградада е двојна споредено со В серијата која доби половина милион фунти минатата година – откри чадвик.

Женската В серија оваа сезона е целосно  откажана поради пандемијата со корона вирусот. Чадвик тестираше Родин автомобил од нејзиниот спонзор во Нов Зеланд. 

Таа е одличен талент. Гледаме долготрајно да ја подржуваме во нејзиниот пат до Формула 1. 

Родин прават серија на суперавтомобили за патека и сакаат Чадвик да ги развива нивните автомобили. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ