Чандхок смета дека Вилијамс погрешиле што не потпишале со Хонда

Поранешнот Формула 1 возач и сегашен аналитичар на случувањата во спортот, Карун Чандхок, верува дека Вилијамс би биле во далеку подобра форма денеска доколку за свои партнери ги имале Хонда, нешто што беше “на маса“ во 2018 година.

Партнерството помеѓу Мекларен и Хонда беше разнимашно и двете страни ја прекинаа соработката на крајот на 2017 година, а јапонците тој период бараа една или две екипи за да ја продолжат својата Формула 1 програма.

Од своја страна, Вилијамс низ годините користеше мотори на Косворт, Тојота, Рено, а од 2014 година користи агрегати на Мерцедес. Проблемите на тимот ескалираа последните две сезони кога се убедливо најбавни, по што компанијата објави дека разгледува опции за продажба.

интересно е колку многу се пишува пследните неколку недели за тоа што погрешиле вилијамс и што можеле да направат поинаку и подобро. од задржувањето на адриан њуи до соработката со бмв и слично, но сите тие работи се одамна зад нив, а од скоро има две клучни грешки кои се случија.

една грешка е неврзување на широтка техничка соработка со некоја голема екипа, а втората грешка е тоа што не се обврзаа да соработуваат со хонда – смета чандхок.

Индиецот смета дека тоа можело целосно да ја прекрои судбината на тимот и компанијата.

мислам дека кога темелно ќе размислат, иако верувам дека никогаш нема јавно тоа да го кажат, сметам дека договорот со хонда е нешто што требаше многу поактивно да го бараат за да го остварат. видете што направи ред бул од таа соработка.

сите бевме свесни дека хонда окга-тогаш ќе се подобрат и треба само да работат затоа што тоа е целосно размична култура, со мекларен не одеше, но ред бул успејаа.

сметам дека комбинациајта на хонда со вилијамс можеше да биде иста како на јапонците со ред бул. финансиски хонда ќе инестираше многу пари во тимот, а тие само ќе се надоградеа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ