Чандхок со смела прогноза за Верстапен пред Саудиска Арабија

Макс Верстапен и оваа сезона по само една трка изгледа како јасен фаворит за шампионската титула.

Ред Бул како екипа изгледаат пред остатокот од гридот годинава и не само тоа, Макс Верстапен изгледа дека е многу супериорен во однос на неговиот тимски колега Серхио Перез. Холанѓанецот ја освои пол позицијата за Големата Награда на Бахреин и никогаш не погледна наназад, победувајќи на трката со значителна разлика и покрај тоа што неговиот инженер за трка Џанпјеро Ламбиасе, побара да ја намали брзината.

Верстапен го освои својот прв светски шампионат во 2021 година на контроверзен начин и одтогаш изгледа речиси непобедлив, освојувајќи ја минатогодишната титула убедливо. По само една трка во 2023 година, 25 годишниот возач изгледа како голем фаворит за освојување на шампионатот уште еднаш оваа година, делумно поради неговиот неверојатен талент и делумно затоа што ниту еден тим не изгледа способен да го предизвика Ред Бул.

Експертот на Скај Спорт, Карун Чандхок разговараше за квалитетите на Верстапен и со тоа што холанѓанецот се стреми кон трета последователна светска титула на 25-годишна возраст, Чандхок сподели смела прогноза за возачот на Ред Бул.

Мислам дека е неправедно да се обидуваме да го рангираме возачот на листата на великани на сите времиња кога тие сè уште возат во моментов, но мислам во однос на целосно талентирани возачи кои возеле Формула 1 болид, мислам дека тој е во категорија со Кларк, Сена, Шумахер и Хамилтон.

Многу е тешко да се каже каде е рангиран меѓу великаните на сите времиња, бидејќи тогаш треба да се дефинира знак на величина. Може да се тврди дека Жил Вилнев беше еден од најталентираните возачи досега. Дали на најдобар начин ја менаџираше кариерата? Дали тој управуваше со целокупното битие како тркачки возач како и Ники Лауда? Не, и затоа не освои три светски првенства, додека Ники освои, но Ники не беше толку брз. Значи, има толку многу сложеност во тој вид на рангирање.

Нема сомнеж во мојот ум дека Макс е секако еден од првите 10 најталентирани.

Иако Верстапен очигледно има талент да продолжи и да ги израмни рекордните на седум светски титули на Хамилтон и Шумахер, холанѓанецот призна дека тоа веројатно нема да се случи. Со оглед на тоа што 25-годишниот возач има други интереси во моторспортот, Верстапен изјави дека неговата кариера во Формула 1 нема да трае толку долго како Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо, а некои дури сугерираа дека тој ќе замине од Ф1 на крајот на неговиот актуелен договор во 2028 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ